Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид, согласно годишната програма на одделението за локален економски развој за 2016 година, во која се предвидени: „Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за 20 невработени лица.
Право на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работа.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
OhridNews













