Општина Охрид објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за готвачи, заварувачи, сметководители и германски јазик. Како што напоменуваат од локалната самоуправа, целта е стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.

Курсевите се во рамки на програмата на одделението за локален економски развој за 2020 година, „Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”.

Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот.

Пoвеќе детали на општинската интернет страна.

OhridNews