Како дел од здравствено-превентивната програма, а во насока на унапредување на човековото здравје, Црвен крст Охрид заедно со медицинскиот тим на Систина Офталмологија предводен од Др. Мирјана Саздовска, утре, од 09:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид, за сите заинтересирани граѓани организира бесплатни мерења на очниот притисок.

Заинтересираните граѓани ќе имаат можност и за консултации со специјалист офталмолог за проблемите со видот и очите.

OhridNews