Се работи за продоложување на иницијативата на Минстерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки на сите граѓани на РМ во нашите интернет клубови. Обуки кои се за канцелариско работење, како и обуки за искористување на интернетот и интернет  алатките.“ – изјави Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, на денешното потпишување на Меморандумот  за соработка на две теми  во Охрид, со деканите на Педагошкиот Факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за образовни науки и Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.

Министерот Ивановски истакна дека отсега студентите, практичната работа ќе можат да ја обавуваат во просториите на интернет клубовите на Министерството, а со тоа граѓаните преку бесплатните обуки ќе можат да учат од професионалци кои соодветно ќе им ја пренесат материјата.

Од друга страна, на студентите ова им е  значајно затоа што со измените на Законот секој студент треба да има и практична работа. Со тоа што таа ќе можат да ја остваруваат во нивните родни краишта, во просториите на интернет клубовите на Министерстовото.“ – истакна Ивановски.

Деканот на Педагошкиот факултет од Битола, Јован Талески, смета дека иницијативата,  претставува можност студентите да се запознаат со новите содржини од информатичките науки.

За студентите, значаја е комуникацијата со граѓаните, така да идните наставници пред да станат тоа, низ практитката ќе можат да комуницираат со населението, со идните ученици, студенти итн. Сите наши студенти кои учествуваат во оваа програма,  претходно ја посетуваа обуката која траеше три дена и сега дополнително оваа што ја најави Министерот.“ – изјави  Талески.

Ангел Јанев, член на листите за советници од редови на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека денешното потпишување на меморандумот е дел од процесот наречен „Доживотно учење“. „Неколку десетици луѓе веќе се вклучени во овој процес, кој не престанал и нема да престане. За жал во Охрид, мала е понудата на курсеви било од приватната сфера, било од државните институции.“ – вели Јанев.

Вториот дел од иницијативата е проект за зголемување на македонските содржини на отворената енциклопедија википедија. Ресорниот министер смета таа станува референца, преку која се информираат голем број туристи и дипломати кои доаѓаат во земјава.

Ние како Министерство уште во 2008-ма година имавме една ваква иницијатива за зголемување на статиите на википедија. Денеска сакаме да ја продолжиме таа иницијатива, затоа што во глобалниот иновациски индекс, има нов сегмент –  број на статии додадени на википедија. Затоа во соработка со факултетите ќе им овозможиме на студентите да ги обучуваат граѓаните, кои што имаат интерес да поставуват статии на википедија.  Дел од активностите ќе бидат повеќе таргетирани за конкретни теми, како градот Охрид, градот Скопје, Македонија, народните херои, значајни настани кои се од интерес на РМ.“  – истакнува Ивановски.

Со оваа бесплатна обука, прво ќе бидат запознени граѓаните, а потоа тие ќе можат да едитираат, корегираат и постават нови статии на оваа енциклопедија.

Свое видување за овие прокети, даде и кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, кој истакна дека развојот на информатичкото општество е дел во кој што идната локална самоуправа  ќе посветува посебно внимание, а преку електронско поврзување на институциите со локалната самоуправа ќе се овозможи полесно наплаќање на туристичката такса.

Во нашата програма имаме предвидено отворање на вакви места, каде граѓаните ќе можат да користат компјутерска техника и интеренет во пошироки рамки. Ќе работиме на интегрирање на иснституциите во општината во еден заеднички ситсем, посебно во делот на регистрација и електронско букирање и регистрација на туристите кои доаѓаат овде. Преку електронското поврзување на телата и институциите на локалната самоуправа, МВР и хотелско угостителските објекти, ќе овозможиме еден вид полесно наплаќање на туристичката такса.“ – вели д-р Бакрачески.

Тој потенцира дека ќе се врши бесплатна обука на граѓаните за основните компјутерски апликации, а посебно внимание е посветено на користење  на сепцијални помагала наменети за лицата со хендикеп. Бакрачески најави и воведување на електронски отчет на сите вработени во идната локална самоуправа, како граѓаните би имале целосен увид во финансиските сметки на општината.

За прв пат во историјата на овие пошироки балкански простори, во локалната самоуправа сакаме да воведеме еден вид електронски отчет на сите што се ангажирани во работата, почнувајќи од мене како иден градоначалник, па се до сите советници. Така да граѓаните ќе имаат можност по електронски пат да ги проверуваат луѓето ангажирани и сите овластени од локалната самоуправа, каде ги трошат парите.“ – додаде д-р Бакрачески.

Инаку, сите оние кои сакаат да се пријават на бесплатните обуки, тоа можат да го сторат со јавување на бесплатниот телефонски број 15 111 кој ќе биде континуирано отворен додека има интерес кај граѓаните.

O.T.