Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека од почетокот на идната година, ќе бидат бесплатни сите гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување за секоја бремена жена државјанин на Македонија, без разлика дали е здравствено осигурана или не.

Мерката има за цел рано и навремено откривање на проблеми во бременоста и навремена реакција, како и подигнување на свеста кај бремените жени за редовни прегледи. Тодоров посочи дека бесплатните прегледи ќе бидат од голема корист и за бремените жени од социјално ранливите групи, како и за жените од ромска националност кои во голем дел немаат матичен гинеколог.

Според податоците од Заводот за мајки и деца во 2014 година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна.

Пакетот мерки предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува и патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование.

OhridNews