Во насока на поддршка на социјално ранливите категории, Владата на вчерашната седница одлучила сите услуги кои ги даваат библиотеките, за лицата со социјален ризик да бидат бесплатни.
За овие лица во иднина, бесплатно ќе биде зачленувањето, посетувањето на библиотеките, искористувањето на книгите.
Од владата нагласуваат дека со оваа одлука се има за цел да се даде поддршка на унапредување на знаењата и вештините на овие лица, нивното образование и културен живот.












