Како што денес информираа од Фондот за здравствено осигурување, сите корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија во износ до 10.870 денари, од 1 јануари имаат право на бесплатно болничко лекување.

Ова право, како што истакна директорот на фондот, Јован Грповски,  ќе можат да го користат околу 120.000 пензионери што земаат потпросечна пензија, а партиципацијата за нивното болничко лекување ќе ја покрива Министерството за здравство.

За таа намена од Буџетот на Република Македонија се одвоени 37 милиони денари.

OhridNews