Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годижен жител на струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, во текот на 2019 година, на ул.„Маршал Тито“ во Струга, започнал да гради станбен објект без претходно добиена градежна дозвола и друга неопходна документација, информира МВР.

OhridNews