Шеста вечер на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто „BEST OF STAND UP! – Најдоброто од најдобрите!“.

Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев со проверени хитови, омилени шеги и нови изненадувања предизвикаа делириум во публиката во исполнетиот „Jazz Inn“. Изненадување на вечерта беше Небојша Грујиќ кој донесе креатривна доза балкански хумор како најава за неговото соло шоу „Дојденец“ вечерва на истата локација.

„Summer Comedy Marathon“ трае до 13 август за кога е закажано големото финале на Долни сарај на кое ќе настапат Срѓан Олман (Србија) и Никола Тодороски (Македонија) – двајца мајстори на хуморот, едно шоу што ќе се памети!

Настаните на летниот комеди маратон следете ги на Охридњуз а за билети и резњервации кликнете на хахаха.мк.