Севиља со минимални (1-0) го совлада тимот на Бетис и ја продолжи доминацијата во фудбалските пресметки кои го делат градот на половина.


За „црвени белите“ ова е шеста победа во последните седум градски дербија, но со голема дамка, откако на „зелено белите“ им беше поништен регуларен погодок во второто полувреме. Човек на одлука беше дефанзивецот Меркадо кој погоди во 51-та минута по нафрлувањето на Самир Насри од слободен удар.


Со трите бода од градската пресметка Севиља се искачи на втората позиција на табелата пред Барселона која има два бода помалку но и натпревар помалку. Лидер по четири меча во Шпанското првенство е Реал со 12 бодови.

OhridNews