Продолжува вандалското однесување на поединци. Овој пат на мета беа бетонските столпчиња во центарот на градот, во близина на градската пошта.

Бетонските столпчиња поставени крај пешачката патека се целосно уништени, искршени и расфрлани.

На мета на вандалите во изминатиот период беа и парковите, засадените дрва, рефлектори и низа други јавни добра во градот.

OhridNews