Последната рунда во регуларниот дел од сезоната во Општинска фудбалска лига ќе биде без резултатско значење, односно не може да донесе значителни промени на табелата.
Во пресрет на последната рунда познати се четирите екипи кои ќе играат бараж мечеви за влез во Третата лига и изгледот на конечната табела.
Борбата за престиж ќе игра голема улога во мечевите од последното коло во кое ќе се сретнат Рудар – Дебрца, Св. Петар – Воска, Лешани – Лакочереј, Вулкан – Славеј.
Двојки: Рудар – Дебрца, Св. Петар – Воска, Лешани – Лакочереј, Вулкан – Славеј.
Табела: Лакочереј 39, Дебрца 36, Воска 35, Рудар 28, Вапила 24, Вулкан 19, Славеј 18, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.
OhridNews