На Охрид му недостасува езерска марина, на 25 до 30 метри од брегот пловат моторизирани објекти со што се доведуваат во опасност капачите.
Не постои подзаконски акт за безбедност навигација и комуникација, капетаните на бродовите комуницираат со мобилни телефони. Мора да постои систем на радиоврски, односно континуирана радио врска помеѓу капетанијата и бродовите.
Ова се само дел од подзаконските акти кои недостасуваат и кои треба што поскоро да бидат донесени доколку сакаме да зборуваме за зголемување на безбедноста во водниот сообраќај, предупредуваат стручните лица.