Без изненадувања и со очекуван епилог поминаа последните мечеви од шестата рунда во фазата по групи после кои се комплетираа осминафиналистите во Лигата на Шампиони.

Фудбалерите на Ливерпул приредија голгетерско шоу на Енфилд победувајќи го Спартак Москва со 7-0, додека Севиља ремизираше 1-1 со Марибор во Словенија. Од оваа група Ливерпул и Севиља ќе презимат во ЛШ, а Спартак Москва ќе продолжи во Лигата на Европа.  

Во Б групата Шахјтор го победи Манчестер Сити со 2-1 на домашен терен и го зграпчи второто место на табелата и го отпиша Наполи кој изгуби 2-1 на гостувањето кај Феенорд.

Од Ц групата Бешикташ и Порто обезбедија пласман во ТОП 16, а дебитантот Лајпциг од февруари месец ќе се натпреварува во Лигата на Европа.

Во Д групата Тотенхем и Реал Мадрид ги имаа осигураа првите две позиции, а „милионерите“ без победа на третата позиција ги завршија мечевите и образот ќе си го спасуваат во Лигата на Европа.

Резултати:

Група Е: Ливерпул – Спартак Москва 7-0, Марибор – Севиља 1-1

Табела: Ливерпул 12, Севиља 9, Спартак Москва 6, Марибор 2

Група Ф: Феенорд – Наполи 2-1, Шахјтор – Мен Сити 2-1

Табела: Мен Сити 15, Шахјтор 12, Наполи 6, Феенорд 3

Група Г: Лајпциг – Бешикташ 1-2, Порто – Монако 5-2

Табела: Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2

Група Х: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 3-2, Тотенхем – АПОЕЛ 3-0

Табела: Тотенхем 16, Реал Мадрид 13, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.

OhridNews