Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 56- годишно лице од село Биџево, управител на градежно претпријатие со седиште во Охрид како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот во својство на управител на правниот субјект, како инвеститор на локација во катастарска општина Струга, без одобрение за градење започнал градба на колективна станбена зграда. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.
Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава и против 36- годишен стружанец.
Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект – станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.
OhridNews