Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од струшкото село Калишта.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека во текот на 2017 година, пријавениот како инвеститор на сопствена локација во место викано „Село“ атар на струшкото село Калишта, без одобрение, на површина од 2000 м.2  изградил автокамп, узурпирајќи и дел од Охридско Езеро. Пријавениот, ја оградил парцелата од западна и дел од северна страна со метални столпчиња и мрежа. Од извршениот инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга составен е записник и донесено е решение со кое на пријавениот му се наредува да ја отстрани градбата.

OhridNews