СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишна охриѓанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

  • Во периодот од октомври 2018 до 12.02.2019 пријавената на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, креирала профили со лични податоци од лице од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини, информира портпаролот на СВР Охрид, стефан Димоски.

Поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 29-годишна жена од Вевчани. Како што објаснува Димоски, пријавената во текот на јануари оваа година неовластено навлегла во комјутерски систем на лични податоци на две лица од Вевчани и без нивна согласност презела и обработувала нивни семејни и други фотографии, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини.

 

OhridNews