Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот во својство на управител и сопственик на правно лице, без да поседува одобрение,  поставил урбана опрема пред својата пицерија на улицата „Бранко Шотра“ во Охрид. Со тоа, извршил узурпација на јавна површина.

Пријавениот не го почитувал решението на општинскиот комунален инспектор при општина Охрид  за отсранување на урбаната опрема.

Ohridnews