Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наводно забраниле на нивната венчавка да се служи пиво, пренеле медиумите. На гостите ќе им биде служено вино и шампањско, додека пивото било оценето како несоодветно за таква прилика.
Парот наводно одлучил и да останат трезни за време на венчавката како би уживале во специјалниот ден. На приемот по венчавката ќе бидат служени јајца од препелица, целер, мини пудинзи од Јоркшир, телешко и колбаси. Кралската венчавка ќе се одржи на 29 април и ќе биде пренесувана во живо на сајтот на Ју Тјуб.