Комплетирано е третото коло во фудбалската Лига Европа. По три кола исто толку победи имаат екипите на Фиорентина, Тотенхем, Салцбург, Лудогорец и Ајнтрахт, додека до првите бодови стигнаа Бордо, Марибор, Кубан и Динамо Загреб. По три кола без бодови се Есторил и Легија.

Инаку најинтересниот натпревар го одиграа ПАОК и Макаби Хаифа, гостите по само 20 минути игра водеа со 0-2, но до крајот домаќинот направи пресврт и стигна до победата. Згора на тоа Словакот во дресот на ПАОК Мирослав Стох успеа да промаши два удари од 11 метри.

Резултати :

Група А: Свонси-Кубан 1:1, Валенсија-Сент Гален 5:1

Група Б: Черноморец-Лудогорец 0:1, Динамо Загреб-ПСВ Ајндховен 0:0

Група Ц: Елфсборг-Есбјерг 1:2, Салцбург-Стандард 2:1

Група Д: Виган-Рубин 1:1, Варегем-Марибор 1:3

Група Е: Фиорентина-Пандури 3:0, Пасош Фереира, Дњепар

Група Ф: Бордо-АПОЕЛ 2:1, Ајнтрахт-Макаби Тел Авив 2:0

Група Г: Динамо Киев-Тун 3:0, Генк-Рапид Виена 1:1

Група Х: Фрајбург-Есторил 1:1, Либерец-Севиља 1:1

Група И: Олимпик Лион-Ријека 1:0, Бетис-Гимараеш 1:0

Група Ј: Аполон-Лацио 0:0, Трабзон-Легија 2:0

Група К: Анжи-Тромсо 1:0, Шериф-Тотенхем 0:2

Група Л: Шахтјор Караганди-АЗ Алкмар 1:1, ПАОК-Макаби Хаифа 3:2

 

„Макфакс“