ЕВН Македонија и МВР открија нови 1200 кражби. Ова е бројката на корисници кои само во последниов месец од должници прејдоа во категоријата крадци на електрична нергија. Вкупната бројка на откриени кражби се покачи на 4500 за последниве шест месеци. Дел од нив се фатени во класични  кражби на струја, а дел од нив самоволно се приклучиле откако предходно биле исклучени поради долг и сега се во категоријата неовластено користење на електрична енергија.

Мерките за откривање и санкционирање не само што ќе продолжат туку и ќе се заострат, велат од ЕВН Македонија. Екипите на ЕВН веќе ја практикуваат и последната возможна мерка според Законот за справување со кражбите, а тоа е одземање на приклучокот и броилото. Оваа мерка се користи и кај оние кои неколкупати самоволно се приклучувале.

Најмногу кражби се откриени кај домаќинствата, каде што крадците од оваа категорија завршиле 38 милони киловат часа електрична енергија. Кражби има и кај бизнис корисниците – тие изгореле вкупно 19 милони киловатчаса.

Додека се пресметува со крадците ЕВН од друга страна им нуди и големи поволности на оние кои сакат да расчистат со доловите.

Ги потсетува сите корисници дека ова лето имаат единствена можност со склучена спогобда за плаќање на тужениот долг во целост ќе им бидат избришани сите камати, судски тошоци и трошоци за нотар и извршител. По плаќањето на долгот се запира и целата сусдска постапка.

Според ЕВН, во јуни е вистинската можност да се избрише и актуелниот, нетужен долг за електрична енергија. Месецов домаќинствата на 6, а малите бизнис корисници на 4 рати да го платат долгот. И овој долг ако се плати во целост ќе биде ослободен од сите камати. По завршувањето на кампањата оние кои нема да ја искористат повторно влегуваат во категоријата должници, но и корисници кои сигурно ќе бидат посетени од извршителите, велат од ЕВН.

OhridNews