Оваа новост доаѓа по иницијатива на здруженијата на родители со деца кои имаат дијабетис и на дијабетичарите од Македонија. Според Фондот за здравствено осигурување, непотребно е издавање рецепт за подигнување на оваа терапија. „За оваа цел имавме работилница, на која макотрпно работевме со сите инсулински аптеки, како и со матичните лекари. Поддршката за оваа иницатива стигна од сите здруженија од оваа област“ – изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова.
Единствено што треба да го направат осигурениците кои подигнуваат инсулин, е еднаш во годината да одат кај матичен лекар. Тие ќе им издадат упат за специјалист, со кој во Центарот за дијабетес ќе им се даде барањето за издавање инсулинска терапија.