„Без Сомнеж“ е насловот на првото книжевно остварување на младиот охридски рапер, Радован Попоски – Bizzy, кое во во јавноста треба да излезе во периодот кој ни  претстои.

Во неговата „филозофска списа“, Попоски ја опфаќа темата “Можеш да бидеш се и секој пред другите, но остануваш она што си пред себе си кога ќе останеш сам пред огледалото на животот”.

Инаку, тој е основач на PFB екипа, а на пошироката јавност и е познат по многуте хуманитарни настапи.

Извадоци од книгата:

“Колку само се смениле работите од моето детство до денес, до средината на мојата младост … а се е совршено исто. Дури и сонцето поинаку изгрева и заоѓа, а трасата е ,сепак, се уште иста; истокот е се уште Исток, западот-се уште Запад. За иронијата да биде уште поголема, ниту Сонцето,ниту,пак,Земјата не го промениле својот облик…..

….Убијци, измамници, блудници, богохулци, лажни пророци, слепи водачи…тоа и не е баш нешто иновантно. Сетоа тоа е од кога постои Светов. Значи суштината е таа. Само формата варира. XXI век – светот целосно заборавил на Бога; заборавил на вистинските Вредности. Всушност, времињава се полоши и од времето на Содом и Гомор. Чашата не е ниту полoвина празна, ниту половина полна, туку ПОЛНА. И не само што е полна, туку почна и да прелива …. и тоа не од скоро … и тоа не дискретно …

Печките на Пеколот работат под полна пареа. Народот е немоќен спроти фаворитните новотарии кои го забразуваат летот кон широко-раширената прегратка на Адот.
Јуда живее во секој од нас. Сите ние Го предаваме Христа и тоа во континуитет. Токму затоа повеќе не живееме во Рајот …. Затоа што станавме луѓе.

Новотаријата е како лотарија. Не знаеш што се ќе донесе. Но, лотаријата е коцка, а коцката е злобна.

Апсолутната самодеструктивност е повод за сеопшт распад. Распад кој е на повидок додека Тркалото се уште врти, но очигледно успорува. Времето триумфално го чекори Крајот.”

OhridNews