Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со 5 гласови го изгласа одземањето на имунитетот на Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешеска, Љупчо Димовски, Сашо Василевски и му предлага на Собранието да го одобри барањето, јавува „Макфакс“. На седницата не присутвуваа членовите на комисијата од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеникот на СДСМ и член на Комисијата за одземање на имунитетот на пратениците Кирацоски, рече дека случувањата на 27 април во Собранието било напад на демократијата и обид да им се одземе животот на тогашната опозиција.

„Институциите имаат должност да го расчистат случајот, а делата од ваков карактер никогаш да не се повторат. Како еден од пратениците кој беше во прес-салата, вредеше секоја минута, секоја секунда помината во таа сала, но вредеше за да се врати нормалниот систем на нашата држава. На 27 прил повеќе наши колеги беа повредени, малтретирани и ставени во заложништво. Тоа се коси со сите човекови права. И покрај сè, лично уште кога се избираше Владата, им простив на нашите колеги од опозицијата кои учествуваа на овој немил настан. Видов дека самите тие не биле свесни во што се впуштиле. Но, видов дека тие нема да му простат на тој што ги натерал да го направат тоа. Делата кои се случија на тој ден се евидентни. Кои сме ние да му одземаме имунитет или да попречуваме судска постапка? Досега судот барал да се симнува имунитет на пратеник, а Собранието го овозможувало тоа“, рече Кирацовски.

Одлуките треба да поминат на пленарна седница.

OhridNews
извор: „Макфакс