Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“, „Спас Банџов“ и дел од „Јане Сандански“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews