Пумпните станици за вода во Арбиново, Издеглавје, Требеништа, Мешеишта и Оровник еднострано и спротивно на правилата за снабдување со електрична енергија ЕВН вчера во вечерните часови ги исклучи, информираат од ЈПКД Дебрца.

Без вода во моментов се Арбиново, Издеглавје, Слатински Чифлик, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље, велат од претпријатето.

Информират дека ЈПКД Дебрца разговара за постигнување на спогодба со ЕВН.

OhridNews