Најголемото фудбалско дерби во Турција, Галатасарај – Фенербахче се одложи и не се одигра поради нарушената безбедносна состојба во земјата.
Ден после терористичкиот напад во Истанбул, каде бомбаш самоубиец активираше бомба во пешачка зона и усмрти четворица, градските власти одлучија да ги прекинат и одложат сите збиднувања каде се собира голема маса на луѓе.
Дербито требаше да се одигра во 19 часот на арената „Турк Телеком“ која се наоѓа во европскиот дел од градот.
Фенербахче и Бешикташ водат мртва трка за титулата, додека Галатасарај сезонава заостанува многу зад „вечните“ ривали.
OhridNews