Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, беше речено на панел сесијата „Македонски и регионални предизвици пред Самитот на НАТО во Чикаго“, пренесува МИА.

Македонија и останатите земји од регионот треба да се вклучат во т.н. систем на паметна одбрана што подразбира меѓусебна соработка, помош и влијание на планот на создавањето поволни услови за безбедност.

Според учесниците на трибината, што ја организираше Балканскиот форум за безбедност, настаните во соседството како последниот во Косово кога беше запалено македонското знаме и кои било следни случувања, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Блакан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам, сметаат експертите.

OhridNews