Здружението за заштита на животни „Анималиа“ во насока на намалување на бројот на бездомни животни, како и спречување на нивно патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, продолжува со објава на кученца и маченца кои се подготвени за вдомување. Секоја недела одат објави на Ohridnews. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на името.

Денес ќе објавиме две кученца, братче и сестриче. Мислевме дека брзо ќе ги вдомиме, па ни име не им дадовме. Па луѓе, дајте вдомете, чекаат што побрзо име да си добијат.

пол: светло кафеавото женски, а темно кафеавото машки
старост: 5 месеци
состојба: вакцинирани и прочистени од внатрешни и надворешни паразити

Овие две кученца ги најдовме во кутија исфрлени да изумрат бавно и агонично. Беа три, ама едно не преживеа, слаб имунитет и не успеа, во рок од еден ден му се влоши состојбата. Останаа тие две, жалејќи по нивното братче, ама и утешувајќи се во нашата прегратка и покривот над глава кој привремено им го пруживме. Мислевме дека одма ќе ги вдомиме, обично малечките полесно се вдомуваат, но за жал погрешно сме мислеле, на нашите многубројни апели за вдомување немаше одзив. Еве ги сега малку потпораснаа, и уште се надеваат дека ќе им се посреќи и ќе најдат дом. А и ние се надеваме и веруваме во големината на човечките срца.

Инаке се многу мирни и мили. Сакаат да се галат и прегратка да почувствуваат. Од „Анималија“ имате бесплатна стерилизација и кастрација доколку се решите да вдомите некое од нив. А зошто да не и двете заедно да си ги земете. Куќа полна животен џагор е куќа полна со убавина и среќа.

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни порака на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пратете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566.

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје

Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!

Повеќе инфо за Анималиа и животинките кои бараат домче на следниот линк.

OhridNews