Здружението за заштита на животни „Анималиа“, во обид за намалување на бројката на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивното патење на улиците, а со поддршка на „Ohridnews“, врши објава на кученца и маченца кои се спремни за домче, кои одат секоја недела. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на именцето.
За објавата оваа недела ќе речеме само дека се вдомуваат кученца, без потреба од дополнителни информациии. Тие се со мал раст подобни и за чување во стан. Останатото нека ви го дошепнат фотографиите.
Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни порака на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пратете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566.
Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје
Благодариме!
И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!
Повеќе инфо за Анималиа и животинките кои бараат дом на следниот линк.
OhridNews