Здружение за заштита на животни „Анималиа“, во обид за намалување на бројката на бездомни животни, како и спречување на нивно патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, продолжува со објава на кученца и маченца кои се спремни за домче. Секоја недела одат објави за бездомни кученца и маченца кои се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на именцето!

Хаси. Старост: 1 година и 5 месеци. Пол: женски
Хаси е кученце кое со денови шеташе низ улиците со повредено и раскрвавено ноџе. Немавме капацитет за да ја земеме веднаш во прифатилиштето и затоа ја терапиравме  и храневме на улица. После моравме да ја прибереме бидејќи беше во плоден период, па имаше закани дека ќе биде отруена поради тоа што многу кучиња се насобираа околу неа. Ја прибравме и ја средивме уште повеќе во ноџето, откако беше однесена на оперативен зафат во Скопје на ветеринарна клиника. За жал коската е така зарасната и одвреме навреме поткуцнува, ама нема бол и некоја пречка при движењето. Милно кученце со преубави очиња (едно сино, друго црно). Во секој случај ќе ве плени и со нејзиниот карактер доколку ја вдомите. И за неа елече даваме подарок, од ладното да ја штити иако хаска е, повеќе за мода нека го носи.

Дафне. Старост: 8 месеци. Пол: машки
Дафне со месеци чека домче да му се посреќи. Маженце. Со мал раст Штом ти се пикне да го погалиш, нема бегање, се припива до тебе и уживка дур претка со опавченцето. Жално за човека говори тоа што никој досега не омекнал срце за да му пружи шанса, иако и за во стан е подобно да се чува. А не ќе можеме за долго да причуваме. Да не заврши на улица, вдомете го Дафне. За вдомувачот даваме и гратис елече за кученце на зима на Дафне да не му студи.

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни пораче на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пишете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566. 

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје

Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце или маченце бездомно!
НЕ Е АНОМАЛИА ДА СЕ ПОМАГА И ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД АНИАМАЛИА!

OhridNews