Здружение за заштита на животни „Анималиа“, во обид за намалување на бројката на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивното патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, продолжува со објава на кученца и маченца кои се пофготвени за домче. Секоја недела ќе одат објави на нашата страна. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на именцето!

Оваа недела ќе објавиме две кученца чија приказна нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера да поверувате дека чуда и тоа како се случуваат доколку дејствувате со љубов и истрајба.

Џанго. Возраст: 8 месеци. Пол: машко.
Пронајден на улица во ужасна состојба (фотографиите подолу ќе ви ја доловат таа состојба). Заболен од шуга, изгладнет и дехидриран. Имено повеќе од убедени сме дека некој претходно го чувал, па штом заболел го исфрлил на улица да умре во болки и агонија. Се отарасил како тоа предмет да фрла, а не живо битие, иако законите се строги во поглед на тоа неодговорно сопствеништво. Го терапиравме, го капевме и негувавме, го храневме со квалитетна храна, и еве го сега опоравен и како ново кученце да е! Има примеси од расата Кане Корсо. Имено е доста мирен и дружељубив и со други кученца. И да, „Џанго пуца први!“ 

ПРЕД

ПОТОА (денес)

Тина. Возраст: 2 години. Пол: женско.
Тина лепотица. Иста приказна како Џанго. Најдена на улица преплашена и преслабната. Исфрлена од бездушен човек, со оглед на тоа што ако опстојувала на улица ќе ја знаевме и со време ќе ја превениравме болсета нејзина. После неколку галежи и храничка понудена, ја стекна довербата во нас волонтерите и ни дозволи да ја прибереме и да ја терапираме. Во каква состојба ја најдовме и фотографиите ќе ви потврдат. Слободно направете ја споредбата пред и потоа. Многу мирно кученце и желна за галеж. Од нам имате гратис стерилизација доколку се решите да ја усреќите со домченце.

ПРЕД

ПОТОА (денес)

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете на: https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или јавете се на контакт телефон: 070 227 865 или 072 550 890. 

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје
Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце или маченце бездомно!
НЕ Е АНОМАЛИА ДА СЕ ПОМАГА И ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД АНИАМАЛИА!

OhridNews