Здружението за заштита на животни – Анималиа, во обид за намалување на бројот на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивното патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, продолжува со објави на кученца и маченца кои се спремни за дом. Секоја недела одат нови објави на нашиот портал. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити. И сите трпат промена на именцето!
Денес повторно ќе објавиме едно кученце. И тоа од оние кои бараат посебна нега.
Томче
пол: машки
старост: 1 година и 4 месеци
состојба: вакциниран
Томче е кученце за кое пред нецела година ни јавија дека е удрено во близина на с. Мешеишта и кое било оставено покрај пат да се мачи во болка и агонија, без никој да се обиде да му помогне. Добро е што интервениравме веднаш после дојавата, наредниот ден падна снег и Томче жив ќе беше затрупан бидејќи не можеше да се движи. Веднаш прими терапија препишана од ветеринар. Два пати беше носен и во Скопје на ветеринар за да му бидат направени испитувања. Најавите се дека може да прооди, доколку се најде некој кој би го вдомил и би му посветил внимание поголемо од ова нашето (напомена: минимум 30 кученца бездомни ги имаме под наша грижа!).
Со повеќе масажа и голема љубов, и ние веруваме дека Томче ќе прооди на задните ноџенца. Пред месец дена си доби и подарок количка, специјално изработена за него, донација од Холандија. Оној кој ќе го вдоми во пакет со количката ќе си го добие Томче. За споредба, на запад стана секојдневие на инвалидизрани кученца да им се дава втора шанса. Охриде, на тебе е да покажеш дека кога е во прашање хуманоста, може да постанеме налик западот. Овој млад живот заслужува и тоа како да биде изживеан, така огромна волја за живот има Томче.
Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни порака на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пратете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566.
Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје
Благодариме!
И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!
Повеќе инфо за Анималиа и животинките кои бараат домче на следниот линк.
OhridNews