Здружение за заштита на животни „Анималиа“, во обид за намалување на бројката на бездомни животни, како и спречување на нивно патење на улиците, а со поддршка на Ohridnews, продолжува со објава на кученца и маченца кои се спремни за домче. Секоја недела одат објави за бездомни кученца и маченца кои се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите трпат промена на именцето!

Пипи. Возраст: 4-5 месеци. Пол: машко.
Маченце кое поради несреќни околности остана без едно ноџенце. Си функционира како нормално да е, животинките ја немаат таа перцепција за инвалидитет што ние луѓето ја имаме, па штом немаат болка си тераат среќни и волни за живот иако се со хендикеп. Многу луѓе ширум светот имаат вдомено маченца без ноџе, а има и случаи каде се вдомени и само со едно или со две ноџенца, па си живеат среќно и како тоа воопшто да немаат мана. Маченцево онаму каде што сега привремено е згрижено не ќе може уште долго да остане бидејќи луѓето имаат едно чудо други миленици. Па молиме за домче што побрзо да му се усреќи на Пипи.

Вега. Возраст: 7-8 месеци. Пол: женско. 
Се вдомува Вега, моменце, раса маламутче му е. Најдена на улица, крајно истрауматизирана со денови од под кола не излегувала. Сега е како ново кученце, ептен социјализирана и дружељубива. Имено, пред извесно време си најде домче, ама поради икс икс причини (никако поврзани со нејзе и нејзиното однесување!) ни беше вратена. И ете сега пак домче и‘ бараме. 

Фина. Возраст: 3 годинки. Пол: женски 
Ова душиче пред нецела година беше најдено како се мачи да се исправи на предни нозе. Веднаш го однесовме на ветеринар и констатирано беше дека има вроден деформитет. Ја згриживме, и’ ја пруживме сета неопходна грижа и терапии. Неколку пати беше и оперративно интервенирано во Скопје, за што и многу трошоци сносивме и го направивме максимумот што можевме да го направиме. Иначе е ептен мила, затоа и такво именце си има. Се движи и трчка, но сепак не како сите останати кученца. Ептен е душа! Пружете и’ шанса! 

Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни пораче на https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid или пишете СМС порака на контакт телефон: 072 550 890 или 071 584 566. 

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје

Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце или маченце бездомно!
НЕ Е АНОМАЛИА ДА СЕ ПОМАГА И ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД АНИАМАЛИА!

OhridNews