Повеќе од успешно започна 19-тото издание на интернационалниот фестивал Охрид Фест – Охридски Трубадури.

Фестивалот го отворија оние кои ја полнат душата на секој  љубител на песната, а тоа беа дечињата кои насатапија во првата фестивалска вечер наречена „Чунга Лунга“. На сцената се појавија 14 дечиња кои со налинот на изведување на песните повеќе личеа на искусни изведувачи отколку на најмали изведувачи на ова издание на фестивалот.


Помеѓу изведувачите се појавија и претставници од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина како и од Бугарија. Дечињата со своите настапи ги воодушевија присутните, но на крајот само еден мораше да ја однесе наградата.


 

Првото место го освоија дечињата кои потекнуваат од охридско музичко семејство, Ања, Ангел Карали и Јана Каралиевска со песната насловена како “Безгрижно Лето“. Тие на сцената беа придружувани од “балерините“ на студиото за модерни танци “Визави“.

Второто место му припадна на минатогодишниот победник Дамјан со својата “Шмекер“, а наградата за третото место замина за Босна и Херецеговина во рацете на Инес Беванда со “Дедо и јас“

Ова беше одлилна увертира за она што следува во следните четири фестивалски вечери каде ќе настапат многу познати домашни и странски изведувачи. Денес е вечерта на “Нови ѕвезди“ а од имињата кои следниве денови ќе се појават секако треба да се спомнат , Виолета Томовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Групата “Нели ти реков“ во фолк вечерта, како и Александар Тарабунов, Жармена, Бибда Додева, Ристо Самарџиев во поп, а тука се и Тања Жагар од Словенија, Елена Илијади од Грција, Александра Бучевац – Црна Гора и многу други.

OhridNews