Стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и нашата земја.

Како што објави државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац, стартот на безвизниот режим со Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, со што државјаните на двете земји, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со Македонија за условите за укинување на визниот режим. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим.

OhridNews