Македонските државјани од 16 март 2013 година можат слободно, без визи да влегуваат односно да транзитираат преку територијата на Украина, ако должината на нивниот престој не надминува повеќе од 90 дена.

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, со Указ ја донесе одлуката која има важност до 15 март 2015 година. Одлуката е донесена од украинска страна како резултат на Одлуката на Владата на Република Македонија која почнувајќи од 16 март 2013 година еднострано за периодот до 15 март 2018 година ги укина визите за краткорочен  престој во Република Македонија за државјаните на Украина, а кои се опфатени во членот 8 од Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за условите за взаемни патувања на граѓаните, информираат од Министерството за надворешни работи.

Одлуките на Република Македонија и Украина се донесени во духот на натамошното унапредување на пријателските односи меѓу двете држави, особено во областа на развивањето на туризмот и зајакнувањето на меѓусебната економска соработка.

OhridNews
Makfaks