Тело на маж денеска околу 14 часот било забележано како плута во водите на Охридското Езеро во близина на комплексот хотели на струшката ривиера.
Неофицијално дознаваме дека починатиот бил жител на Битола. Причините за смртта треба да ги утврди истрагата.
Безживотното тело било извлечено од езерските води, а истражните органи преземаат мерки за расветлување на случајот.
Г.М.
Фото: Архива