На 24.07.2025 во 12:15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.
Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за 55-годишно лице од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
OhridNews