Вчера попладне во 18.21 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело.

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј.(70) од Скопје а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според првичните информации од истрагата, лицето имало здравствени проблеми.

Г.М.