Безживотно тело е забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.
-Телото, во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Моментно, на посоченото место се врши увид предводен од Јавен обвинител.
OhridNews












