Бибијана Штајнхаус ќе се запише во историјата на Бундес лигата, откако судиската комисија ја делегираше за главен арбитар на мечот помеѓу Вердер и Херта Берлин.
– Возбудена и пресреќна и подготвена сум пред мојот прв натпревар во Бундес лигата. Долги години го чекав и посакував овој момент, а во недела ќе стане реалност. – истакна германската судијка.
Последните шест години Штајнхаус судеше во Втората лига во Германија, а минатиот месец судеше меч во националниот куп. Стандарно Штајнхаус е дел од големите собири во женска конкуренција на европско и светско ниво.
OhridNews