Актуелниот првак во БИБЛ лигата, Фени Индустри претпре пораз на гостувањето во Тел Авив. Македонскиот преставник го загуби првиот период со 25-15, водство кое се покажа клучно во триумфот на домаќините.

Успеаа избраниците на Емил Рајковиќ резултатски успеаа да се вратат во мечот, но не немаа сили во финишот и со празни раце се враќаат од Тел Авив.

Душан Кнежевиќ го заврши натпреварот со 13 поени и 8 скокови (5 офанзивни), а меѓу поефикасните беа и Иван Лилов (17 поени, 7 асистенции), Кирил Николовски (17 поени, 5 скокови) и Златко Гоцевски (11 поени, 8 скокови).

Хапоел Тел-Авив  – Фени Инд  83-76 (25-15,19-20,18 -18, 21 -23)

В.Б.