
БИБЛ : Фени “шампионски“ низ Уљцин
13.10.11 02:25
Бранителот на трофејот во БИБЛ Лигата, Фени Индустри со победа го започна походот кон одбрана на пехарот откако триумфираа на гостувањето во Уљцин со 59-53.

“Момците“ на Емил Рајковиќ не остадоа ништо на случајност, поучени од поразот во Супер купот на Македонија од Работнички. Сепак, Уљцин првата четвртина ја заврши со два поени предност, “портокаловите“ стадоа една брзина погоре, со брза серија во втората четвртина Фени направи предност која умешно ја чуваше до крајот на средбата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










