Екипата на Торус со пораз ја започна одисејата во БИБЛ Лигата, откако беше совлада од црногорскиот Морнар со 84-79.


Избраниците на Слободан Петровски го контролираа резултат во целиот натпревар, серијата на Морнар од 15-4 на почетокот од четвртиот дел се покажа како пресудна во конечниот успех.

Залудни беа 21 поени на Трајковски, Караџоски постигна 20 додека во таборот на црногорците најпрецизен беше Радосавлејвиќ 14 следаа Баровиќ 13, Ивановиќ 11.

Мх.П.