Денес, основното училиште „Христо Узунов “ беше посетено од страна на „Библиотеката на тркала“ што е во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Целта на овој проект е да се подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата.
„Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони во државата за да им се овозможи пристап до материјали за учење на учениците од прво до трето одделение.
Покрај „Библиотеката на тркала“ проектот спроведува голем број обуки и активности за професионален развој на наставниот кадар, издава сликовници и ресурси за учење на најмладите, а во рамки на овој проект, за прв пат во Македонија се адаптираат и спроведуваат алатки за процена на почетната јазична и математичка писменост кои даваат подобра слика за постигањата на учениците и помагаат соодветно да се планираат понатамошните активности.
OhridNews