Празници се ближат и вистинско време е да бидете хумани и израдувате некого.Не пропуштајте ја приликата да уживате во прекрасните изведби на охридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески,The Bacdoor Band, кои ќе бидат носители на Новогодишниот хуманитарен концерт, што во организација на Црвен крст Охрид ќе има за цел музиката и забавата да ја преточи во хуманост.
Средствата собрани од продажбата на влезници и прекрасни новогодишни креации изработени од децата од Оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Новогодишниот хуманитарен концерт ќе се во ворник на 22-ри декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
За добриот звук ќе се погрижат „ЕЛБО“ Охрид, а волшебен новогодишен изглед на сцената ќе овозможат нашите пријатели од „ИМПАКТ ГРУП“.
OhridNews