По повод претстојниот патронен празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, на 30 ноември од страна на општинскиот Црвен крст , Институтот за трансфузиона медицина-Одделение Охрид  и  ОУ „ Св. Климент Охридски“ се организира третата по ред, крводарителска акција која е од отворен карактер.

Акцијата ќе се спроведе од 10 до 14 часот во просториите на основното училиште.

Се покануваат сите хумани граѓани кои  можат да даруваат крв да им се придружат на  наставничкиот колегиум и  родителите кои и оваа година ќе ја даруваат својата драгоцена тецност .

OhridNews