– Целта на овааа акција е подигање на нивото на свеста кај граѓаните за помош и подршка на социјално ранливите семејства. Прилозите ќе бидат наменети за старите лица, лицата со посебни потреби и социјално загрозените граѓани. Кај нас се пријавени 450 семејства на кои им е потребна помош, пред се во храна. Со оваа акција се надеваме дека ќе им помогнеме барем на половината од нив, а со поголема хуманост ќе може да им се помогне на сите, вели Мимоза Ставрева-координатор за организациско-стручни работи во Црвен крст- Охрид.
Своите прилози хуманите граѓани ќе може да ги дадат во текот на целата недела во просториите на Црвен крст од 8 до 15 часот, или пак преку мобилните тимови составени од волонтери, кои ќе бидат соодветно обележани и ќе одат од врата до врата.
Годинава главен покровител на акцијата се маркетите Стоп шоп на улица „Питу Гули“ и во близина на основното музичко училиште. 4% од остварениот промет во периодот од 10 до 11 часот, односно од 15 до 16 часот, во двата маркети ќе бидат донирани за подготовка на хумани пакети со храна за социјално загрозените семејства.
Дел од собраните средства ќе бидат наменети и за матурантката Ангела Попоска која има сериозен здравствен проблем и на која и се потребни пари за лекување.