Градоначалникот Јован Стојаноски, денес ја посети куќата на охриѓанецот Роберт Николоски, која пред недела дена целосно изгоре во пожар.

Николоски од страна на градоначалникот доби ветување дека во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ просториите ќе бидат расчистени, а локалната самоуправа ќе стори се во рамки на можностите, додека трае расчистувањето, Роберт да добие привремено пристојно живеалиште. Во соработка со Црвениот крст Охрид, за Николоски се обезбедени храна и средства за одржување на хигиената.

Градоначалникот упати апел до сите Охриѓани во рамките на своите можности да помогнат во обновувањето на опожарениот дом на Роберт Николоски.

OhridNews